Италија прва од домаќините се пласира на ЕП 2020

75

Репрезентациите на Белгија, бронзена од Светското првенство (СП) во 2018 година, и Италија, која не играше на СП 2018, по седум кол, први се пласираа на Европското првенство (ЕП) во 2020 година. Белгијците, кои водат на ранг-листата на ФИФА, со максимален ефект од 21 бод се сигурни во пласманот, оти имаат 11 бода повеќе од третопласираната репрезентација на три кола пред крајот на квалификациите за ЕП, а и Италија, која е една од 12-те земји-домаќини на ЕП 2020, има 11 бода повеќе од третопласираната селекција.