Интернационалците на мегдан со Андерлехт, Арсенал, Челси, Баер…

99

Тимовите на македонските репрезентативци Елиф Елмас и Аријан Адеми, Фенербахче, односно Динамо Загреб ќе играат меѓу себе во Лига Европа, во групата Д, во која се и Андерлехт и Спартак Трнава. Бобан Николов со унгарскиот првак Види е во групата Л, заедно со Челси, ПАОК и со БАТЕ Борисов. Стефан Ристовски со Спортинг ќе игра во групата Е со Арсенал, Карабах и со Ворскла. Двајцата македонски фудбалери во АЕК Ларнака, Иван Тричковски и Даниел Мојсов се во групата А, во која се и Лудогорец, Баер и Цирих.


ГРУПА А: Баер, Лудогорец, Цирих, АЕК Л.

ГРУПА Б: Салцбург, Селтик, Лајпциг, Розенборг

ГРУПА Ц: Зенит, Копенхаген, Бордо, Славија

ГРУПА Д: Андерлехт, Фенербахче, Динамо З., Спартак Т.

ГРУПА Е: Арсенал, Спортинг, Карабах, Ворскла

ГРУПА Ф: Олимпијакос, Милан, Бетис, Дуделанж

ГРУПА Г: Вилјареал, Рапид, Спартак М., Ренџерс

ГРУПА Х: Лацио, Марсеј, Ајнтрахт, Аполон

ГРУПА И: Бешикташ, Генк, Малме, Сарпсборг

ГРУПА Ј: Севилја, Краснодар, Стандард, Акхисар

ГРУПА К: Динамо К., Астана, Рен, Јаблонец

ГРУПА Л: Челси, ПАОК, БАТЕ, Види