Иниеста: Роналдо е главен каде и да игра

160

Шпанскиот фудбалер, Андрес Иниеста, пред натпреварот со Португалија изјави дека ќе обрнат посебно внимание на португалскиот репрезентативец, Кристијано Роналдо.

– Роналдо е главен каде и да игра, па така е и со Португалија. Ќе мора да внимаваме повеќе на него- истакна Иниеста.

Тој додаде дека Португалија е тежок противник и дека првиот натпревар е секогаш многу важен.

Шпанија првиот натпревар на Мундијалот во Русија го игра денеска против Португалија.

Иниеста додаде дека по Светското првенство ќе размислува дали да ја напушти репрезентацијата, но дека дотогаш ќе остане фокусиран на теренот.