Идеалниот тим на СП 2018 по мини-анкета на „Нова Македонија“

292

Данијел Субашиќ, Бенжамин Павар (Домагој Вида), Рафаел Варан, Дејан Ловрен, Лукас Хернандез, Еден Азар, Кевин Де Брујне, Лука Модриќ, Антоан Гризман, Килијан Мбапе и Марио Манџукиќ.

Тоа е идеалниот тим на Светското првенство (СП) во фудбал по спроведената мини-анкета на „Нова Македонија“, со неколку македонски фудбалери и тренери. Овие единаесетмина, од три селекции, добија најмногу гласови, а сите предложени се од вкупно пет репрезентации (Франција, Хрватска, Белгија, Англија и Бразил).
Од сите што учествуваа во мини-анкетата, само Лука Модриќ и Килијан Мбапе добија максимален број гласови, по шест. Идеалниот тим Светската фудбалска федерација (ФИФА) го објави по финалето синоќа во Москва, во кое се сретнаа Франција и Хрватска.

Во продолжение се идеалните состави на нашите соговорници.
КОЧО ДИМИТРОВСКИ: Субашиќ, Трипие, Фертонген, Умтити, Варан, Модриќ, Де Брујне, Азар, Мбапе, Лукаку, Манџукиќ.
ГОРАЗД МИХАИЛОВ: Субашиќ, Павар, Вида, Мегваер, Хернандез, Ракитиќ, Де Брујне, Модриќ, Грзиман, Мбапе, Манџукиќ.
ЗОРАН СТРАТЕВ: Пикфорд, Врсаљко, Хернандез, Ловрен, Варан, Модриќ, Погба, Азар, Мбапе, Манџукиќ, Гризман.
ЃОКО ХАЏИЕВСКИ: Субашиќ, Ловрен, Варан, Павар, Марсело, Модриќ, Гризман, Де Брујне, Мбапе, Кејн, Азар.
ЃОРЃИ ХРИСТОВ: Лорис, Вида, Варан, Ловрен, Канте, Азар, Ракитиќ, Модриќ, Кејн, Мбапе, Манџукиќ.
ДРАГАН ХРИСТОВСКИ: Куртоа, Врсаљко, Трипие, Варан, Ловрен, Модриќ, Де Брујне, Гризман, Мбапе, Азар, Нејмар. Г.И.; Г.М.