Ибрахимовиќ ја најави преселбата во Лос Анџелес на невообичаен начин

123

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ го напушта Манчестер јунајтед, а веќе се договорил со Лос Анџелес Галакси во американската МЛС-лига. Тој ја објави веста на неговиот твитер-профил со фотомонтажа на која е прикажан како се турка на раце со ѓаволот.

Како што објави И-Ес-Пи-Ен, менаџерот на Јунајтед, Жозе Мурињо, му овозможил на шведскиот напаѓач да го напушти клубот од „Олд Трафорд“ пред крајот на сезоната.

Договорот за трансфер во американската лига се очекува да биде објавен во следните неколку дена.

Ибрахимовиќ минатата сезона имаше тешка повреда на коленото по која не можеше да се врати во најдобрата играчка форма. Тој на „Олд Трафорд“ дојде од ПСЖ во 2016 година.

Претходно настапуваше за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона и Милан.