Зидан: Секогаш ќе велат Реал е богаташки, а Атлетико работнички тим

131

Зинедин Зидан нема сомнеж дека репутацијата на Реал Мадрид како на богат клуб и на Атлетико Мадрид како на работнички тим нема да исчезне набргу, но додава дека реалноста пред саботното дерби на „Ванда Метрополитано“ е поинаква.

– Нема да навлегувам во таа тема. Но, ќе кажам дека и луѓето во Реал Мадрид работат исто толку напорно како и во Атлетико иако луѓето ќе кажат дека ние сме богаташки, а тие се работнички клуб. Нема да го сменам тоа. Знаеме дека навивачите на Реал Мадрид сакаат да се гордеат со своите фудбалери и тоа ќе се обидеме да го направиме бидејќи е наша одговорност – вели Зидан.

Дербито на Мадрид секогаш предизвикува контроверзии поради интензитетот, но Зидан вели дека всушност се работи за само уште еден меч.

– Имаме меч кој сакаме да го добиеме. Ќе биде тешко бидејќи противникот е силен. Но, потоа, в недела ќе имаме друг меч – објаснува Французинот.