Зидан: Буфон не заслужи црвен картон

641

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон не заслужи да добие црвен картон, изјави тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, по завршувањето на реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Тој, исто така, изрази надеж дека оваа средба нема да биде последна во ЛШ за 40-годишниот голман.

– Мислам дека Буфон не заслужи црвен картон, но ништо не може да се смени. Оваа епизода не му го одзема сето она што го постигна за време на неговата кариера. Тој е одличен играч. Можеби тоа не беше последниот натпревар во неговата кариера во Лигата на шампионите – нагласи Зидан.

Буфон премногу бурно реагираше на одлуката на судијата да покаже на белата точка во втората минута од судиското продолжение, а пеналот го реализираше Кристијано Роналдо.