Збогум Палермо, здраво Мајорка: Трајковски во Ла лига

255
Фото: ФК Мајорка

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски е нов играч на шпанска Мајорка. Тој потпиша соработка со Шпанците во период од четири години, откако му заврши договорот со италијански Палермо, каде играше од 2015 година.

За сицилијанците, Трајковски одигра 113 натпревари во две сезони во Серија А и две во Серија Б, притоа постигнувајќи 20 гола и 16 асистенции.

Нашиот репрезентативец е вториот Македонец во Ла лига, откако во 2017 година Енис Барди потпиша за Леванте. Трајковски за нашата репрезентација има одиграно 39 натпревари и постигнато 12 гола.