За синот на Шевченко „се тепаат“ четири репрезентации

307

Кристијан Шевченко е едно од четирите деца на прославениот украински фудбалер, Андреј Шевченко и неговата сопруга, познатата манекенка Кристен Пазик.

Кристијан е роден во 2006 година, само еден ден по постигнувањето на голот на „Шева“ против Вотфорд кога неговите соиграчи од Челси со традиционалното „лулање бебе“ го прославија неговиот погодок.
Младиот фудбалер, кој тргна по стапките на татко си, игра за младиот состав на Челси, а стручњаците велат дека ќе биде ист како татко му.

Интересно е тоа што дури четири фудбалски селекции се „борат“ Кристијан Шевченко да настапува токму во нивниот дрес.
Украина, поради потеклото на Андреј, Полска и САД затоа што неговата мајка има полско-американско потекло и Англија, затоа што младиот фудбалер е роден и живее таму и токму таму ги направил првите фудбалски чекори.

– Се уште не сме разговарале за тоа, рано е, ќе одлучиме заедно, но неговата ќе е последна“ – изјавил Андриј Шевченко за второто од неговите четири деца.

Првиот син Џордан, чиј кум е Силвио Берлускони има 15 години, а останатите двајца се Александер и Габриел.