За педофилот Адам Џонсон нема место во повеќе од 100 фудбалски тима

216

Над 100 тимa во Англија изразиле категорично мислење дека кај нив нема место за поранешниот англиски репрезентативец, Адам Џонсон кој излезе од затвор утринава. Практично секој професионален и полупрофесионален тим на Островот изразил категорична позиција дека за фудбалерот нема место таму и дури да не се обидува да бара преговори.

Бидејќи тој има правосилна пресуда и е регистриран криминалец, нема да може да добие работна виза уште за земји како САД, Канада, Австралија, Кина, како и повеќето од Блискиот Исток, каде би можел да ја продолжи кариерата.

Така на 31, тој ќе мора да избира од исклучително ограничен пазар каде што може да продолжи да игра. Веќе во затвор, тој најави дека неговата цел е да ја прероди својата кариера кога еден ден ќе излезе на слобода.

Тој беше осуден на шест години затвор во мај 2016 година, но отслужи само половина од казната. Ако во следните три години плати да гледа порнографска содржина, избрише некоја порака од својот телефон или на некој начин даде пари за сексуални услуги, пак ќе влезе зад решетки до мај 2022 година.

Џонсон треба да има регистрирана постојана адреса во Велика Британија, но тоа нема да го спречи да си најде работа во странство, под услов некој да го земе. Тој нема право да поднесе барање за отстранување од списокот на педофили до 2031 година.