Завршена најчудната трибина на светот

250

Екатеринбург Арената во најисточниот град домаќин на Светското првенство во фудбал во Русија, конечно е завршена.

Стадионот на ФК Урал ќе биде домаќин на четири натпревари од СП, Египет-Уругвај, Франција-Перу, Јапонија-Сенегал и Мексико-Шведска, а гледачите на стадионот ќе имаат неверојатен поглед.

Имено, Екатеринбург Арената, покрај Лужњики, е единствениот стадион на СП што не е нов, туку адаптација на постоечкиот. Стариот стадион, изграден во 1957 година, заради својот специфичен дизајн е заштитен со закон и никакви поголеми градежни зафати на него не беа можни. Имаше капацитет од 23.000 гледачи, но бидејќи ФИФА бара стадионите за СП да имаат најмалку 35.000 места, организаторите се решиле на бизарна идеја.

Само за потребите на СП, отвориле еден дел од стадионот и потоа надвор од него направиле огромна челична конструкција за уште 12.000 гледачи. Таа монтажна трибина стрчи надвор од стадионот и не е покриена со покрив, а највисокиот ред седишта е во висина на покривот на 45,5 метри и истовремено пружа прекрасен поглед на градот.

Тоа всушност е и најголемиот проблем на оваа трибина. Од неа подобро се гледаат градските знаменитости, отколку спротивниот гол, а повеќето гледачи нема да можат да го видат ниту семафорот со резултатот.

А среќа, стадионот по СП ќе изгледа многу подобро. Грдата трибина ќе биде отстранета, а Арената ќе биде целосно затворена.