Македонија и Грција се разминаа, на мегдан со Грузија, Естонија и Ерменија

250

Предмалку жрепката и ги донесе трите противници на македонската фудбалска репрезентација во новото издание од Лигата на нациите на УЕФА.

Македонија сезонава ќе настапува во Лигата Ц. Ждрепката, која е во тек во Амстердам, на нашата селекција во подгрупата Ц2 и ги донесе репрезентациите на Грузија, Естонија и Ерменија.

Еве како се поделени преостанатите 3 групи во Лигата Ц:

Ц1: Црна Гора, Кипар, Луксембург, Азербејџан

Ц3: Грција, Косово, Словенија, Молдавија

Ц4: Албанија, Белорусија, Литванија, Казахстан

Ова се термините за одигрување на шесте натпревари во групата:

Прво коло: 3-5 септември 2020
Второ коло: 6-8 септември 2020
Трето коло: 8-10 октомври 2020
Четврто коло: 11-13 октомври 2020
Петто коло: 12-14 ноември 2020
Шесто коло: 15-17 ноември 2020