Елмас стана најмлад македонски фудбалер-дебитант во ЛШ?

113

Тој настапи на натпреварот, на кој Наполи со 2-0 го победи европскиот првак Ливерпул, а според податоците на „Трансфермаркт“, македонскиот
репрезентативец е и третиот најмлад дебитант на Наполи во ЛШ

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас дебитира со победа во Лигата на шампионите (ЛШ), откако одигра 15 минути во триумфот дома со 2-0 над европскиот првак Ливерпул, во првото коло во новата сезона. Елмас, според не­о­фи­цијалните податоци на специјализираната интернет-страница за фудбалски трансфери и статистика, „Трансфермаркт“, со 19 години, 11 месеци и 24 дена е најмладиот македонски фудбалер што дебитира во меч од групната фаза на ЛШ.

Тој стана и третиот најмлад дебитант на Наполи во елитното натпреварување, според „Трансфермаркт“, но и најмлад што победува со Наполи во дебито во ЛШ. Наполи славеше со два гола во второто полувреме, по влегувањето на Елмас во игра. Во групата Е, покрај Наполи, победа оствари и Салцбург, со 6-2, дома со Генк, во меч во кој домаќините постигнаа пет гола во првото полувреме.

Во групата Ф двата меча завршија со реми, и тоа 1-1 на дуелот Интер – Славија, а 0-0 на мечот помеѓу Борусија Дортмунд и Барселона, на кој домаќините промашија пенал (одбрана на голманот). Нереализиран удар од белата точка во првите мечеви сезонава имаше и на дуелот Челси – Валенсија (0-1), откако домашниот тим од пенал ја погоди пречката.

Вчера се играа мечевите од групите А, Б, Ц и Д, во кои Динамо Загреб на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми дома играше со дебитантот во ЛШ сезонава, Аталанта.