„Екип“: Гризман не објавил дека останува во Атлетико Мадрид

184

Антоан Гризман не објавил дека ќе ја продолжи кариерата во Атлетико Мадрид, пишува „Екип“. Француското издание ги негираше информациите објавени претходно истиот ден во „АС“.

Французите ги базираат своите информации од сестрата на Гризман, која исто така е негов агент.

Според неа, не е сигурно дека Гризман ќе ја објави одлуката за својата иднина пред почетокот на Светското првенство.

– Засега не знаеме каде Антоан ќе игра следната сезона. Тој уште не ја објавил својата одлука – изјави сестрата на играчот, цитирана од „Екип“.