Екипата на ФК Гоблен Јуниор од Куманово стана второлигаш

176

По пауза од десетина години Куманово благодарение на успехот на фудбалскиот клуб Гоблен Јуниор конечно доби свој второлигашки претставник со што љубителите на фудбалот од Куманово по долги години од наесен повторно ќе гледаат второлигашки фудбал

Фудбалскиот клуб Гоблен Јуниор од Куманово по само шест години од своето постоење успеа да се пласира во втората фудбалска лига-запад, со што клубот досега го постигна најголемиот успех во својата кратка фудбалска историја.

Што се однесува, пак, до успехот на фудбалскиот клуб Гоблен Јуниор тој не е ниту малку случаен бидејки во последните четири години клубот во третата фудбалска лига – север беше шампион и за тоа време, три пати играше бараж натпревари за пласман во втората лига, а оваа последна сезона благодарение на новите правила како шампион на третата лига-север се избори за директен пласман во втората фудбалска лига.

– Во наредната фудбалска сезона што следи ние како клуб ќе се обидеме да обезбедиме опстанок во лигата и да го задржиме второлигашкиот статус. Што се однесува, пак, до играчкиот кадар тој во главно ќе биде од квалитетни домашни фудбалери од Куманово и од околните места, но и со неколку засилувања од страна заради што сите ние во клубот се надеваме на успешна сезона во втората фудбалска лига₺. – истакна претседателот на клубот, Маир Ќаили.

Т.Д.