Евра се смири со Ливерпул откако доби извинување по девет години

81

Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Патрис Евра, признава дека неодамна добил писмо од ривалите од Ливерпул во кое извршниот директор на клубот, Питер Мур, му се извинува за скандалот со расизмот на Луис Суарез од пред девет години.

Евра беше жртва на расистички коментари од Уругваецот при меч на „Енфилд“ во октомври 2011, по што Суарез доби суспензија од осум меча и казна од 40.000 фунти, но Ливерпул постојано тврдеа дека тој е невин и го поддржуваа со тренинг со маички на кои беше ликот на Суарез. Џејми Карагер, еден од тогашните фудбалери на Ливерпул неодамна му се извини лично на Евра додека двајцата беа ТВ-коментатори на „Скај“, а Евра сега открива дека добил и писмо од Ливерпул.

– Многу сум задоволен, што прво Џејми Карагер ми се извини, а потоа добив писмо од Питер Мур, кое навистина беше убаво. Тој пишува дека се надева дека никогаш не е предоцна бидејќи тоа се случи пред девет години подоцна. Бев разочаран што толку голем клуб како Ливерпул го поддржува тоа, но сега гледам дека се работи за виситнски луѓе, искрени луѓе, кои работат за клубот и имам голема почит кон нив. И покрај тоа што секогаш ќе навивам за Манчестер јунајтед, ова покажува дека Ливерпул е клуб од светска класа – изјави Евра.