Дуелот на Македонија и Фарски Острови одложен за јуни

110

Натпреварот помеѓу македонската репрезентација за фудбалери до 21 година и врсниците од Фарските Острови, кој требаше да се одигра денеска, во рамките на квалификациите за Европското првенство во 2021 година, е одложен за јуни в година.

Европската фудбалска асоцијација донесе ваква одлука поради замрзнатиот терен во Торшавн, откако делегатот и претставниците од УЕФА утринава извршиле инспекција, по што заклучиле дека нема услови да се одигра мечот од 5-то квалификациско коло.

Младите „рисови“ имаат две победи и по едно реми и пораз во досегашниот тек од квалификациите, со што се зад водечките Израел и Шпанија на табелата во групата 6. Израел има ист број на бодови како и Македонија – седум, но и еден натпревар помалку, додека Шпанија има пет поени повеќе.

Пласман на ЕП ќе обезбедат победниците на групите, како и најдобрата второпласирана селекција во циклусот, додека останатите осум второпласирани репрезентации ќе играат бараж.