Дуделанж стана прв клуб од Луксембург што ќе игра во групната фаза од ЛЕ

58

Екипата на Дуделанж вчеравечер го победи романски ЦФР Клуж со 3:2 во плејофот на Лига Европа и стана првиот тим од Луксембург со изборено учество во групната фаза од второто по квалитет континентално клупско фудбалско натпреварување.

На првиот меч во Луксембург беше 2:0, па „аутсајдерот“ со вкупни 5:2 оди понатаму.

Во минатото, во главната фаза на Купот на УЕФА во 1995/96 (без квалификации) играше Авенир. Во други случаи, претставниците на оваа земја не се квалификуваа за некој од европските купови.

Тимот на Дуделанж е со седиште во истоимениот град, чие население е околу 20.000 луѓе.

Жрепката за групите во ЛЕ ќе биде извршена денес во Монако со почеток во 13 часот.