Драго Ќосиќ шверцувал билети за финалето на СП?

118

Хрватските медиуми денеска на ударните места ја пласираат веста дека познатиот телевизиски водител Драго Ќосиќ, кој известуваше за ХРТ од Светското фудбалско првенство во Русија, наводно учествувал во нелегална продажба на влезници за фудбалските напревари.

Цената на една таква нелегално продадена влезница за финалето помеѓу Франција и Хрватска изнесувала околу 20.000 евра, а струјат информации дека на црниот пазар биле понудени дури 4 карти за таа утакмица.

Како што дознава „Јутарњи лист“, картите сепак не биле продадени, бидејќи нивната продажба во последен момент била блокирана од ФИФА.

Целата приказна се отплеткала благодарение на ФИФА, која од ЕБУ побарала отчет за тоа зошто влезниците кои се доделени на ЕБУ, на црниот пазар се продаваат по „вртоглави“ износи.

ЕБУ тогаш побарало отчет од ХРТ, бидејќи според сериските броеви, билетите кои нелегално се продавани биле доделени на Хрватската Радио Телевизија кој го пренесуала спортскиот спектакл од Русија. ЕБУ потоа го контактирала раководството на ХРТ барајќи образложение.

Во раководството на ХРТ во прв момент не сфаќале за што станува збор, бидејќи не знаеле дека некој во име на телевизијата побарал и добил влезници.

Веднаш биле повикани на разговор двајца вработени од ХРТ. Станува збор за спортски коментатор и меѓународен координатор, а неофицијално како што дознава „Јутарњи лист“ се работи за Драго Ќосиќ и Саша Дедиќ.

-Посочените колеги на раководството му соопштиле дека тие влезниците за финалето на Светското фудбалско првенество ги поделиле на своите пријатели и не биле запознаени дали нивните пријатели ги искористиле за натпреварот или пак ги продале. Меѓутоа понатамошната истрага покажува дека во има на ХРТ биле побарани 40 влезници за Светското фудбалско првенство неколку месеци пред неговиот почеток, како и дека никој од ХРТ не бил запознаен дека тие влезници биле побарани. Сигурно е дека влезници не добија ни вработените од ХРТ, ниту нашите деловни пратнери – велат за „Јутарњи“ извори од ХРТ, кои потенцираат дека овој скандал е огромна дамка за угледот на телевизијата.

-Преку ЕБУ и ФИФА дознавме дека двајца наши вработени во име на ХРТ, без наше знаење, побарале и добиле вкупно 40 влезници, кои потоа ги распродавале – додава изворот кои напоменува дека е во тек дисциплинска постапка против двајцата вработени, која може да завршат со најстрога мерка- отказ.

Од ХРТ засега не сакаат да го коментираат скандалот, притоа посочувајчи дека е во тек интерната постапка.

На сето тоа Драго Ќосиќ, вели: „Жал ми е, ама на оваа тема не можам ништо да кажам“.