Дончиќ: Во Мадрид повеќе копнеат по Роналдо

128

Поранешниот кошаркар на Реал и сегашен член на Далас, Лука Дончиќ, истакна дека навивачите во Мадрид повеќе жалат за заминувањето на Роналдо отколку за него.

Напаѓачот на португалскиот национален тим и играч на Јувентус, Кристијано Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во светот. Тој по завршувањето на минатата сезона си замина од Реал Мадрид.

Играњето во Мадрид за Реал е посебно време за мене. Ова е најдобриот клуб во светот, ако се изземат НБА екипите. Ми беше задоволство што бев дел од нив. Мислам дека во Мадрид повеќе копнеат по Кристијано, бидејќи тој е еден од најдобрите фудбалери во светот, изјави словенечкиот кошаркар Дончиќ.