Дешан: Погба не е среќен во Манчестер јунајтед

143

Селекторот на француската репрезентација Дидје Дешан изјави дека Пол Погба би можел да покаже многу повеќе во Манчестер јунајтед, доколку би имал прилика за тоа.

Меѓутоа, францускиот репрезентативец остана на клупата за време на четвртфиналниот натпревар против Брајтон, а натпреварот против Ливерпул го пропушти поради повреда.

Исто така, тренерот Жозе Мурињо повеќе пати оваа сезона предност му даде на младиот играч Скот Мектоминeј.

– Ова е неблагодарна ситуација за него, ако се има предвид што се може да понуди. Сигурно постојат повеќе причини за она што се случува. Погба не може да биде среќен поради она што му се случува во клубот – истакна Дешан.

За разлика од Мурињо, селекторот на репрезентацијата на Франција нема сомнеж во квалитетот на Погба и фудбалерот беше повикан за пријателските натпревари со Колумбија и Русија.

Погба во 2016 година се врати во Манчестер јунајтед од Јувентус за 89 милиони фунти.