Дешамп се откажа од услугите на Марсијал, Лаказет и Бензема

120

Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешамп денеска го објави конечниот состав од 23 фудбалери на кои ќе смета за Светското првенство во Русија, кое започнува за 10 дена.

Неколку врвни ѕвезди не успеаја да се најдат на конечниот список, откако Антони Марсијал (Манчестер Јунајтед), Александер Лаказет (Арсенал) и Карим Бензема (Реал Мадрид) ќе го следат Светското првенство од дома.

Франција е во група со Данска, Перу и Австралија на Мундијалот.

Составот на Франција :

Голмани: Хуго Лорис (Тотенхем), Стив Манданда (Олимпик Марсеј), Алфонс Ареола (ПСЖ)

Одбрана: Рафаел Варан (Реал Мадрид), Адил Рами (Олимпик Марсеј), Џибрил Сидибе (Монако), Семјуел Умтити (Барселона), Бенжамен Менди (Манчестер Сити), Бенжамен Paвар (Штутгарт), Лука Ернандез (Атлетико Мадрид), Преснел Кимпембе (ПСЖ)

Среден ред: Блеиз Матуиди (Јувентус), Пол Погба (Манчестер Јунајтед), Н`Голо Канте (Челзи), Тома Лемар (Монако), Корентен Толисо (Баерн Минхен), Стивен Н’Зонзи (Севиља)

Напад: Оливие Жиру (Челзи), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Килијан Мбапе (ПСЖ), Усман Дембеле (Барселона), Набил Фекир (Олимпик Лион), Флориан Товен (Олимпик Марсеј).