Дембеле зависен од видео-игри

55

Шпанскиот шампион Барселона е загрижен дека Усман Дембеле има развиено зависност од видео-игри и се сомнева дека токму ова е причината за неговото неодамнешно отсуство од тренинг.

Претходно, беше објаснето дека Французинот не тренирал поради стомачен вирус, но подоцнежните медицински тестови покажале дека немал никакви проблеми со стомакот.

Шпанските медиуми известуваат дека Дембеле ги пропуштил своите обврски, бидејќи играл видео-игри со неговите пријатели.

Се претпоставува дека 21-годишниот фудбалер ја изгубил контролата за време додека играл, а тоа го чинело дисциплинска постапка против него.

Ако се покаже дека Дембеле е зависен од видео-игри, тој ќе добие соодветен третман и помош од клубот.

Барселона за Дембеле плати 105 милиони фунти на Борусија од Дортмунд во август минатата година.