Дебитантски настап на Руни во МЛС

183

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Евертон, напаѓачот Вејн Руни, го одигра својот прв натпревар во американската МЛС лига.
На дебито, неговиот тим ДС Јунајтед го победи Ванкувер со 3:1, а Руни влезе од клупата за резервни фудбалери во 58.минута.

Средбата се одигра ноќеска во Вашингтон пред околу 20 илјади гледачи.

Англичанец(32) минатата сезона на 40 натпревари за Евертон постигна 11 гола со три асистенции.