Два пораза и реми на македонските тимови во Лига Европа

97

Едно реми и два пораза е резултатот на македонските тимови на првите дуели од првото квалификациско коло за пласман во фудбалската Лига Европа (ЛЕ). Најдобар резултат извлече Шкупи, кој одигра нерешено, 3-3 на гости против Пјуник во Гимри, Ерменија. Шкупи имаше и водство со 3-1 до 80-та минута. Македонија ЃП, вториот македонски претставник што гостуваше во Ерменија, кај Алашкерт во Ереван, загуби со 1-3 и во реваншот го очекува тешка, но не и невозможна мисија да се надомести негативата од два гола. Дебитантот во еврокуповите, победникот во Купот на Македонија, Академија Пандев, на домашен терен, во Скопје, загуби од Зрињски од Мостар, БиХ со 0-3. Реванш-натпреварите ќе се играат в четврток.