Даноците го водат Роналдо во Јувентус?

133

Кристијано Роналдо ќе може да има корист од многу позитивниот за него даночен закон во Италија, ако премине во Јувентус.

Данокот може да биде причина за големата желба на Португалецот да игра во клубот од Торино, откриваат локалните медиуми.

Токму даноците станаа најголемата причина за влошување на односите на Кристијано и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Суперѕвездата доби двегодишна условна казна за затајување данок во Шпанија и ќе треба да плати казна од 19 милиони евра. Меѓутоа, тој беше многу разочаран од недостигот на поддршка во случајот од шефот на Реал.

Во Италија, сепак Роналдо нема да има такви проблеми, бидејќи од 2017-та таму има нов даночен закон, чија цел е да ги охрабри странските инвеститори и познати личности да дојдат да живеат во земјата, откако им овозможи да платат максимум 100 илјади евра данок на приходи во странство. Ова вклучува спонзорски договори, капитални добивки, па дури и недвижен имот.

– Оваа даночна можност беше воведена за да привлекува ѕвезди кон нашето првенство. Италија е една од ретките европски земји која има толку добар фискален режим кон професионалци од таков ранг. Членовите на семејството на играчите исто така може да имаат корист од намалената даночна основа, вели адвокатот Серџио Сирабела, специјализиран за даночните закони во неговата земја.