Гревовите на богатите ја ставаат на искушенија европската куќа на фудбалот

148

Одличната сезона на Манчестер сити под водство на шпанскиот стратег Пеп Гвардиола би можела да заврши неславно, откако деновиве се споменува дека „граѓаните“ се соочуваат со потенцијална казна и забрана за настап во најелитното европско фудбалско натпреварување Лигата на шампионите (ЛШ). Освен во ЛШ, каде тие загубија во двомечот со Тотенхем, тие во неделата ја крунисаа својата сезона со освојувањето на третиот трофеј во ФА-купот, откако претходно ја освоија Премиер-лигата и Лига-купот, пишува „Блумберг“.

Во сопственост на шеикот Мансур од Абу Даби, Манчестер сити е еден од најбогатите клубови на светот. Тимот кој на секоја позиција има барем по еден играч од светска класа, би можел да се соочи со забрана за играше во ЛШ од една година, доколку судската комора на владеjачкото тело на Европската фудбалска унија (УЕФА) одлучи дека тие ги прекршиле финансиските правила воведени за да ги спречат клубовите од прекумерно трошење.

Јавноста очекува Манчестер сити да добие забрана за настап во ЛШ, доколку се докаже дека клупското раководство ги прекршило овие правила. Впрочем, зошто клубовите би се придржувале до правилата на финансискиот ферплеј (ФФП), ако нема санкции за нивно прекршување. Од италијанскиот клуб Рома, на пример, тврдеа дека морале да го продадат својот најдобар играч Мохамед Салах во Ливерпул, за да ги исполнат условите на фамозниот ФФП.

Кредибилитетот на УЕФА би бил целосно срушен доколку повторно му прогледа низ прсти на Манчестер сити, како тоа што се случуваше во минатото. Германскиот весник „Шпигел“ претходно пишуваше за тоа како ова управувачко тело замижуваше кога во прашање беа Манчестер сити и клубот на катарските шеици Пари Сен Жермен, кога се појавија сомежи за нерегуларности.

– Се поставува прашањето дали ФФП работи во насока на подобрување на играта? Јас мислам дека не е така. Кога првпат беше воведен, имаше за цел да ја заштити позицијата на веќе доминантните клубови со разнишување на капацитетот на оние кои се во експанзија, во однос на нивното трошење и приближување до врвот. Во иднина, би било повеќе фер да се намали, или целосно да се отстрани барањето за прописот за финансиско израмнување на сметките (подеднакво потрошени и заработени пари – н.з.), правило кое им дозволува на клубовите да трошат околку колку што ќе заработат, и им отвора можност на сопствениците да ги трошат овие пари како што посакуваат – се наведува во анализата на Блумберг.

ФФП беше имплементиран откако милијардерите како Роман Абрамович (сопственик на премиерлигашот Челси) и шеикот Мансур започнаа директна „војна“ за играчи. Кога платите и цените за трансферите за „надуваа како балони“, многу клубови доживеаја големи загуби во обидите да се останат конкурентни. Осум години од имплементацијата на ФФП, УЕФА тврди дека тој е успешен, и податоците барем навидум, кажуваат дека е така. Во фискалната 2017 година, 700 тимови од првите лиги во Европа за првпат остварија профитт и нивните сметки се во значително подобра состојба.

Од друга страна, финаниските придобивки не беа поеднакво поделени кај сите клубови. Водечките 30 клубови од Европа имаа комбиниран приход од скоро 10 милијарди евра во фискалната 2017 година, половина од нив остварени од најдобите тимови на континентот.

Поради ФФП, клубовите кои остваруваат најголем приход можат да одвојат најмногу средства за плати на играчите, што значи дека имаат подобра шанса да се квалификуваат во ЛШ последователно секоја година, каде 32-та учесници поделија 2 милијарди евра минатата сезона. Во контраст, правилата за ферплеј создадоа услови во кои сопствениците на помалите клубови не можат преку финансиски инјекции да ги засилат клубовите, како што претходно правеа Абрамович и Мансур.

Накратко, наместо да го направи фудбалот поправичен, ФФП помогна тој да се поларизира и да се зголеми моќта на веќе моќните клубови.

– Системот ја убива конкурентноста и е лош за играта – рече Стефан Сизмански, експерт за спортски фаннсии на Универзитетот од Мичиген.

Како што знаат Американците, недостатокот на ривалство во нивните професионални спортови, што честопати е последица на драфтовите, ограничувањата на платите и можноста за давање поголеми плати од богатите тимови, има негативни последици.