Гостите не загубија во првите три четвртфинални меча

22

Три гостински тима не загубија во првите три меча вчера во четврт-финалето на фудбалскиот Куп на Македонија. Академија Пандев победи на гостувањето кај Шкупи со 1-0, а Работнички и Ренова ремизираа на гостувањата кај Шкендија (1-1), односно кај Струга (0-0). Синоќа требаше да се одигра и четвртиот меч од четврт-финалето, ноќниот дуел помеѓу Брегалница и Лабуништа. Реваншите се предвидени за март в година.