Горан Пандев, олимписки великан на МОК

136

Поради извонредните спортски резултати и 20-годишната меѓународна афирмација на македонскиот спорт, Горан Пандев ќе биде прогласен за олимписки великан на МОК, најави Димевски, пренесоа од Македонскиот олимписки комитет

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски, испрати честитки до претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, за историскиот успех и пласманот на Европското првенство (ЕП) во фудбал.
Во исто време, поради извонредните спортски резултати и 20-годишната меѓународна афирмација на македонскиот спорт, Горан Пандев ќе биде прогласен за олимписки великан на МОК, најави Димевски, пренесоа од Македонскиот олимписки комитет.
– Најдобрите македонски фудбалери изгинаа на теренот, го одиграа најдобриот натпревар во овие квалификации, токму кога беше најпотребно. Сите со срце поголемо од најголемата планина, мудро, умно и со големо знаење и неверојатна смиреност, одлучност, сигурност и самодоверба, се изборија за место во историјата на македонскиот спорт. Честитки момци, само гордо напред и со победа да го почнеме Европското првенство. Најдобри сте – рече Димевски.