Голманот на Тотенхем приведен оти возел пијан

66

Голманот и капитен на Тотенхем, Уго Лорис, бил приведен поради возење во алкохолизирана состојба.

Лорис рано утрово бил запрен при рутинска контрола и не го поминал тестот за алкохол.

Тој потоа е пренесен во полициска станица, од каде подоцна му било дозволено да си замине со кауција.

Од локалната полиција соопштија дека поради прекршокот Лорис мора да се појави на 11-ти септември на суд во Лондон.

Инцидент се случи само три дена пред натпреварот против Манчестер јунајтед, а поради новонастаната ситуација засега е непознато дали Лорис ќе биде во составот на Тотенхем или, пак, ќе биде дисциплиниран од страна на тренерот Маурисио Покетино.