Гвардиола станува најплатениот тренер во светот

1538

Тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола го прифатил предлогот на раководството на клубот за нов договор и нивната соработка ќе продолжи до 2020 година, пренесе „Мирор“.

Според договорот, неговата плата ќе се зголеми на 20 милиони фунти (сегашната изнесува 15,3 милиони), што ќе го направи најплатен во светот меѓу тренерите.
Сегашниот договор на Шпанецот е до летото 2019 година, потпишан кога пристигна во 2016 година.

Инаку вчера „граѓаните“ не успеаја да станат шампиони во Англија, откако лутиот градски ривал Јунајтед со пресврт ги совлада со 2:3.

Оваа сезона, тимот на Гвардиола веќе го освои Лига Купот и е во четвртфиналето во Лигата на шампионите, каде по првиот натпревар со Ливерпул има негатива од три гола.

Инаку, во моментов најплатен меѓу тренерите е Марчело Липи, за кој се тврди дека зема 18 милиони фунти на чело на Кина.