Гатузо ќе остане во Милан само во случај на пласман меѓу првите четири

146

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, може да го напушти клубот на крајот од сезоната. Според „Кориере дело Спорт“ раководството на „росонерите“ ќе го отпушти 41-годишниот фудбалски стручњак ако тимот не успее да стигне до првите четири места во Серија А, односно ако не избори пласман во Лигата на шампионите.

Оваа сезона Милан игра во групната фаза од Лига Европа, а исто така стигна до полуфиналето од Купот на Италија, каде што ќе се сретне со Лацио.

Во домашниот шампионат Милан во моментов се наоѓа на седмото место со 36 бода пред да го одигра својот меч од 23. коло.