Гатузо: Леонардо и Малдини создаваат позитивна енергија во Милан

49
Леонардо (лево) и Малдини

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, изрази восхит за атмосферата создадена од поранешните играчи на клубот Леонардо и Паоло Малдини.

Малдини неодамна беше назначен за директор за стратешкиот развој, додека Леонардо ја презеде функцијата технички директор на клубот.

– Ни требаат луѓе како нив. Играчите се ракуваат со луѓе кои создале историја во клубот, можат да разговараат со нив. Драгоцено ќе е искуството што тие двајца ќе го пренесат на тимот. Сето тоа создава позитивна енергија, изјави Гатузо.

Милан е во обид да создаде тим кој конечно ќе го врати на местото каде беше во минатото, а тоа е меѓу најдобрите италијански и европски екипи.