Во финалето на Копа либертадорес не важи правилото „гол на гости“

93

Градските ривали од Буенос Аирес, Бока јуниорс и Ривер плата, ремизираа, 2-2, во првиот од двата финални меча, во шампионатот на Јужна Америка, Копа либертадорес. Мечот наречен „суперкласико“ се одигра на стадионот „Бонбониера“ пред 51.000 гледачи, само со навивачи на домаќинот, Бока јуниорс, поради безбедносни причини.

Реванш-мечот треба да се одигра на стадионот „Монументал“ на 24 ноември, на кој повторно ќе има само домашни навивачи, на Ривер, по што ќе биде познато која екипа ќе биде новиот првак на Јужна Америка. Во финалето не важи правилото за предност на тимот со повеќе постигнати голови на гости во случај на вкупен нерешен резултат.
Двата „вечни“ аргентински ривали првпат во историјата на Копа либертадорес играат меѓу себе во финалето. Бока игра за седмиот, а Ривер за четвртиот трофеј во ова престижно натпреварување, кое почна во 1960 година.