Во трка по ЛШ – Шкендија, Адеми, Николов…

107

Со мечевите денеска, Шериф – Шкендија, Хапоел БШ – Динамо Загреб (двете од 19 часот) и Спартак Трнава – Легија (20.30 ч.) почнува разврската во 3-то коло од квалификациите за Лигата на шампионите (ЛШ) во фудбал. По првите средби предност имаат македонскиот првак Шкендија (1-0), хрватскиот шампион Динамо, каде што капитен е македонскиот репрезентативец Аријан Адеми (5-0) и словачкиот првак Спартак (2-0).

Победникот од дуелот во Молдавија, Шериф – Шкендија, во следната фаза ќе игра со австриски Салцбург, од каде што, пак, победникот ќе игра во плејофот за ЛШ, а поразениот ќе обезбеди играње во плејофот за пласман во Лига Европа. Поразениот, пак, од мечот во Молдавија во 4-то коло од квалификациите за Лига Европа ќе игра со подобриот од дуелот Санта Колома (Андора) – Валур (Исланд).

Другите мечеви од квалификациите за ЛШ се играат утре, а од клубовите на македонските репрезентативци ќе настапи и унгарски Види (Бобан Николов), кој ќе игра дома со Лудогорец (првиот меч заврши со резултат 0-0).