Во Кина Мурињо е волшебна птица, Озил мала жена, а Погба е биста!

86
Мурињо (лево) и Погба

Во кинескиот јазик повеќе се користат идиоми, отколку азбуката и јазикот при преводите на некои странски имиња, па оттаму Карлос Тевез е многу носталгично момче, а Килијан Мбапе е мало кученце

Кинеските љубители на фудбалот и нивните медиуми создадоа креативни, но и бизарни прекари за некои од најпознатите фудбалски и други ѕвезди. Во кинескиот јазик повеќе се користат идиоми, отколку азбуката и јазикот при преводите на некои странски имиња. Тоа значи дека некои како, на пример, напаѓачот на Тотенхем и на Англија, Хари Кејн или Аргентинецот Лионел Меси од Барса, се ословуваат со истите имиња во Кина, бидејќи се мошне едноставни за изговарање. Но многумина други немаат толку среќа во тој поглед. За Кинезите, германскиот интернационалец, играчот на Арсенал, Месут Озил, е мала жена, францускиот интернационалец во Манчестер јунајтед, Пол Погба е биста, а менаџерот на Јунајтед, Португалецот Жозе Мурињо е волшебна птица.

Аргентинецот Карлос Тевез е многу носталгично момче, младиот Французин Килијан Мбапе е мало кученце, а Бразилецот Паулињо е насилна птица. Честопати прекарите се и индикација за тоа колку е популарен фудбалерот во Кина. Тевез, кој никогаш не престојуваше долго во кој било клуб во кариерата, мина катастрофални 12 месеци во кинеската Суперлига (ЦСЛ) во Шангај шенхуа. Поради неговата неможност да се аклиматизира надвор од Аргентина го нарекуваат многу носталгично момче. Озил, пак, го нарекуваат мала жена поради перцепцијата во Кина, дека одлуката да се повлече од репрезентацијата на Германија поради, како што изјави тој, „расизам и непочитување“ е кукавичка.

На Вејн Руни, кој сега игра фудбал во САД, но имаше понуди и од Кина, веројатно нема да му се допадне што го нарекуваат дебелко, иако тоа е повеќе симпатично отколку навредливо. Кинески љубители на фудбалот се многу пољубезни кон играчите или тренерите што им се допаѓаат. Пол Погба е биста, бидејќи неговото презиме звучи како збор за тоа на кинески, додека презимето Мурињо, на шефот на Погба, е сличен на кинеската фраза за волшебна птица. Италијанецот Марчело Липи, кој е многу популарен во Кина е сребрена лисица поради седата коса, а играчот од средниот ред на Гуанжу евергранде, Паулињо го нарекуваат насилна птица поради стилот на играта. Бразилецот Александре Пато (28), кој настапува во Тјанџин кванџиан честопати е присутен на Виебо, кинеската верзија на Твитер.

Според Кинезите, тој успешно се приспособил на животот во таа земја, многу подобро од повеќетемина негови колеги од странство. Затоа и го добил почитуваниот, патриотски прекар па џиангуо, кој во слободен превод би бил нешто како градител на земјата, во знак на признание за неговата љубезност кон новата усвоена татковина. Мбапе, 19-годишната ѕвезда што блесна на Светското првенство (СП) во Русија, од милост се нарекува мало кученце поради неговите години. Не, во Кина не добиваат прекари само фудбалери. Тенисерот, Швајцарецот Роџер Федерер го нарекуваат крава во Кина, делумно поради неговото спортско/џентлменско однесување, на и надвор од терените. Добро познатата американска пејачка и актерка, Џенифер Лопез во Кина се нарекува луо ба што значи кралски задник, јасно зошто.