Венгер разочаран од ремито со Атлетико Мадрид, но оптимист за реваншот

555

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е оптимист во врска со шансите на „топџиите“ да стигне до финалето во Лион, иако синоќа во првото полуфинале на Лига Европа на домашен терен Арсенал ремизираше 1:1 со Атлетико Мадрид.

Во поголемиот дел од натпреварот, Атлетико играше со фудбалер помалку, откако Вршаљко го напушти теренот поради два жолти картона.

– Ако го погледнеме целокупното претставување и начинот на кој се разви натпреварот, тогаш ова е најлошиот можен резултат. Сепак, треба да одиме во Мадрид со позитивен став и да се пласираме во финалето – изјави Венгер по мечот.

Французинот смета дека неговиот тим мора да се поврати од големото разочарување и да се подготви за следниот натпревар.

– Тоа беше една прекрасна можност која пропуштивме. Можеше да се пласираме уште денес (вчера), но тоа не се случи. Нивниот голман направи многу одбрани, а во исто време покажаа класа дека можат да постигнат гол по една единствена шанса – додаде Венгер.

Реваншот во Мадрид е на 3 март.