Вардар го заврши учеството во квалификациите за Лига Европа

142

Фудбалерите на Вардар го завршија учеството во квалификациите за Лига Европа по поразот од ерменски Пјуник со 0-2, во вечерашниот реванш-натпревар од првото коло, одигран во Скопје. Вардарци се елиминирани со вкупен резултат 0-3 во двомечот.

Резервистот Бакар Балде беше двоен стрелец за Пјуник, погодувајќи во 85-та и во 89-та минута.

И преостанатите македонски претставници, Работнички и Шкупи, не успеаја да ја поминат првата квалификациска рунда за Лига Европа, во која Вардар минатата сезона играше во групната фаза.