Вандеворт е најмладиот голман во ЛШ

42

Голманот на Генк, Мартен Вандеворт, на возраст од 17 години и 287 дена, влезе во историјата на фудбалската Лига на шампионите (ЛШ) како најмлад чувар на мрежата во ова натпреварување. Со тоа тој го собори рекордот на Миле Свилар, голманот на Бенфика, кој имаше 18 години и 52 дена на мечот против Манчестер јунајтед во октомври 2017 година. Вандеворт нема по добро да го памети дебито бидејќи и тој имаше „заслуги“ за убедливиот пораз на Генк на гости од Наполи, 0-4. Тој првпат застана на голот на Генк на 24 септември и сезонава трипати бранеше за белгискиот шампион.


Касилјас е трет најмлад
ГОЛМАН (КЛУБ) ПРОТИВНИК ДАТУМ ВОЗРАСТ
Мартен Вандевордт (Генк) Наполи 10.12. 2019 17 г., 287 д.
Миле Свилар (Бенфика) Манчестер ј. 18.10.2017 18 г., 52 д.
Икер Касилјас (Реал) Олимпијакос 15.9.1999 18 г., 118 д.
Николај Михајлов (Левски) Вердер 31.10.2006 18 г., 125 д.
Игор Акинфеев (ЦСКА М.) Порто 14.9.2004 18 г., 159 д.
Адриан Семпер (Динамо З.) Лион 14.9.2016 18 г., 245 д.