Валверде: Го очекуваме најдобриот Интер

123

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде пред дуелот на својот тим против Интер на „Џузепе Меаца“ од групите на Лигата на шампионите изјави дека очекува сличен тим на оној кој го видовме пред две недели на „Камп Ноу“.

– Интер е многу интензивна екипа, сака да доминира над играта. Не се предава, откако ги цеди силите на противникот. Поради сето ова, тие имаат толку силна победничка серија оваа сезона. Ние го очекуваме најдобриот Интер – рече Валверде.

Во однос на ѕвездата на тимот, Лионел Меси, Валверде сподели дека нема да ризикува со Аргентинецот.

– Да го почекаме тренингот. Лео е речиси подготвен, но треба да се почека. Останатите се добро и на линија. Треба да ја контролираме играта, во обид да одбележиме гол. Интер ќе го направи истото. Треба да бидеме убедливи. Не сакам да претпоставувам каков може да биде развојот во групата. Се разбира, освоивме три натпревари, но сѐ уште не сме квалификувани за елиминациската фаза – додаде тој.

Барселона ја предводи групата „Б“ со 9 бода, додека Интер е втор со 6. Трет и четврт се Тотенхем и ПСВ со по 1 освоен поен.