Валверде: Барселона веќе имаше проблеми со новајлиите во Ла Лига

32

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, истакна дека неговиот тим не треба да ја потценува Хуеска, со која ќе се состане вечерва во натпреварот од третиот круг на шампионатот во Шпанија.

По две рудни Хуеска има освоено четири бода.

– Противникот ќе игра без страв, па мора да бидеме внимателни. Веќе имавме проблеми со новодојдените во елитата. Хуеска ќе игра со мотив на новајлија. Таа доаѓа на мечот без пораз. Во претходните натпревари “Хуеска” покажа добар фудбал, интензивно играше, тоа е мобилен напаѓачки тим, рече Валверде.

Дуелот Барселона – Хуеска почнува во 18 часот и 30 минута на „Камп Ноу“.