Буфон се враќа дома?

43

Голманската легенда Џанлуиџи Буфон би можел да се врати во Парма, објави „Газета дело Спорт“. Искуниот 41-годишен голман од пред неколку дена е слободен играч, откако одби да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен.

Буфон објави дека ќе се врати во Италија, во моментот кога одбо да ја продолжи соработката со ПСЖ, во чии редови во сезоната што е зад нас забележа 25 настапи. Последните информации велат дека тој ќе се врати на местото каде што ја започна блескавата кариера, во Парма. За клубот од „Енио Тардини“ тој дебитирал во 1994 година.

За Парма одигра 220 натпревари, а дебито го имаше во 1995 година на 17 години и девет месеци, против Милан. Потоа за 53 милиони фунти, во 2001 година се сели во Јувентус.