Буфон: За седум дена ќе решам што понатаму

427

Голманот на Јувентус Џанлуиџи Буфон ги демантира шпекулациите кои се појавија во светските медиуми дека веќе се договорил со Пари Сен Жермен.

Францускиот шампион му упати покана на Буфон кариерата да ја продолжи во француската престолнина.

Буфон се повлече од Јувентус по 17 години поминати во торинскиот гигант. Тој во саботата за последен пат играше натпревар за „старата дама“.

– Ќе ми треба барем една недела, за да се смирам и да дојдам на себе по заминувањето на Јувентус. Имам 40 години, минато ми е времето да носам спонтани и избрзани решенија. Треба внимателно да ја анализирам ситуацијата, бидејќи изборот не е лесен – изјави Буфон за „Скај Спорт“.