Борусија го растури Берлин, блескаше Турам

88

Фудбалерите на Борусија Менхенгладбах забележаа лесна и убедлива победа над Унион Бeрлин во 29 коло во Бундеслигата. Со оваа победа „колтовите“ се искачија на третото место на табелата, имаат ист број на поени и подобра гол разлика од Баер Лверкузен.

Борусија прашањето на победникот го реши во првото полувреме кога мрежата на гостите од Берлин ја погодија Нихаус и Турам.

По пет минути игра во второто полувреме Андресон намали на 2:1. Сепак надежите на гостите дека можат да направат сензација ги згасна Турам со својот втор гол во 59 минута. Кончните 4:1 ги постави Плеа во 81 минута.

Унион Берлин по ова коло ќе остане на 14 место со 31 бод.