Барселона треба да и плати 40 милиони на Борусија Дортмунд ако го продаде Дембеле

91

Барселона ќе мора веднаш да и плати 40 милиони евра на Борусија Дортмунд, доколу реши да го продаде Усман Дембеле во јануарскиот трансфер период, пренесе „Ди Велт“.

Според изданието, во договорот на Дембеле има вклучена клаузула меѓу двата клуба, која ја обврзува Барселона веднаш да плати бонус од 40 милиони евра на Борусија Дортмунд, ако дојде до продажба на францускиот фудбалер.

Каталонците платија 105 милиони евра на германскиот клуб во текот на летото на 2017 година за Дембеле, а во договорот има клаузула која вклучува бонуси во износ од 40 милиони евра, кои треба да и бидат платени на Борусија Дортмунд под одредени услови.

Сериозен интерес за Усман Дембеле има од Арсенал и Ливерпул.