Барселона се надева на потписот на Погба

75

Шпанскиот шампион Барселона е заинтересирана за купувањето на фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, тврди „Мирор“.

Скаути на каталонскиот клуб ќе го следат 25-годишниот Французин на секој негов натпревар во следниот период.

Погба има важечки договор со Манчестер Јунајтед до 2021 година. Каталонскиот клуб очекува да го потпише Французинот следното лето.

Францускиот репрезентативец во Јунајтед е од 2016 година. Како дел од „црвените ѓаволи“ ја освои Лига Европа.

Во тековната сезона, Погба одигра шест натпревари и постигна 4 гола, оставри и една асистенција.