Барселона очекува рекорден приход од над милијарда евра

57

Барселона очекуваат да имаат приход од 1 милијарда евра за сезоната 2019/20, една година порано од предвиденото. Блауграна, еден од најпопуларните и најуспешните клубови на светот ќе ја премине бариерата од милијарда долари на крајот на сезоната, 12 месеци пред зацртаната цел до 2021 година.

Откако клубот работи профитабилно од сезоната 2011/12, главна причина за достигнувањето на целта е намалувањето на трошоците за плати во клубот. Потпретседателот на Барселона, Енрике Томбас вели дека „умереното“ трошење на пазарот на играчи е најважната цел за нив. Иако Барса оваа сезона ги донесе Антоан Гризман и Френки де Јонг за големи пари, тие продадоа и повеќе играчи за респектабилни суми, како Филипе Кутињо кој замина на позајмица во Баерн Минхен кои ќе му ја плаќаат платата.

– Продавањето на фудбалери е клучно за нашиот клуб. Живееме во здрава финансиска ситуација која ни дава шанса да гледаме кон иднината позитивно. Платите се намалени за 3 отсто, продаваме фудбалери без успех во клубот – изјави Томас.

Клубот лани имаше чист профит (по платениот данок) од 5 милиони евра, а оваа сезона планираат да имаат заработувачка од 11 милиони евра.