Барса пред тежок испит

64

Барселона – Наполи и Баерн – Челси се последните два осминафинални реванш- натпревара во Лигата на шампионите (ЛШ) по што ќе се комплетираат тимовите за завршниот фајналејт-турнир во Лисабон, Португалија. Натпреварите, четвртфинални, полуфинални и финалето, ќе се играат од 12 до 23 август, на празни стадиони.

Барса ја загуби трката за титулата во Ла лига од Реал и сега единствена шанса за спас на лошата сезона е триумф во ЛШ. Каталонците се во серија од 35 меча без пораз на „Ноу камп“, но доколку не одиграат подобро отколку во продолжението од сезоната во домашното првенство, лесно може да им се случи непријатно изненадување.

– Ако сакаме да ја освоиме ЛШ, ќе треба да играме многу подобро, инаку можеме да загубиме од Наполи – изјави неодамна Меси од кого се очекува најмногу.
Баерн има убедлива предност од три гола против Челси, од првиот меч во Лондон во февруари и сѐ освен нивни пласман меѓу најдобрите осум ќе биде вистинско чудо. 


Двојки за вечерва

Барселона – Наполи 1-1 (прв меч)
Баерн – Челси 3-0