Баерн се ближи до рекордната 800. недела на врвот

30

ФУДБАЛ – ГЕРМАНИЈА

Досега во германската фудбалска Бундес-лига точно 33 клуба биле барем по едно коло на врвот на табелата, пишува германскиот спортски дневен весник „Кикер“. Така, по еднаш на првото место биле екипите на Фрајбург, Падерборн и на Сент Паули, а убедливо најмногу недели на врвот, засега точно 798, бил актуелниот првак Баерн, кој е прв и по првото коло на новата сезона во Германија.
На второто место на оваа необична листа на „Кикер“ е Борусија Дортмунд, со 173 кола на првото место, а потоа следuvaат Борусија Менхенгладбах со 139, Вердер со 130, Хамбургер со 102, Кајзерслаутерн со 91, Келн со 82, Баер Леверкузен со 71, Шалке со 59, Ајнтрахт Франкфурт и Штутгарт со по 55, Нирнберг со 36, Ајнтрахт Брауншвајг со 34, Волфсбург со 20, Минхен 1860 со 17, Херта со 16, Хофенхајм со 15, Лајпциг со 11, Мајнц и Баер Ирдиген со по шест, Фортуна Диселдорф, Кикерс Офенбах и Ханза со по пет, Хановер и Карлсруе со по четири, Арминија, Бохум и Дуизбург со по три, Рот-вајс Есен и Рот-вајс Оберхаузен со по две кола на врвот.