Ајнтрахт го освои националниот куп по пауза од три децении

1281

Екипата на Ајнтрахт Франкфурт направи големо изненадување во финалето на фудбаслкиот Куп на Германија, откако синоќа во Берлин го победи Баерн Минхен со 3:1.

За Ајнтрахт ова е прв куп трофеј по пауза од 30 години и вкупно петти во историјата.

Од друга страна, Баварците загубија финале во Купот за прв пат од сезоната 2011/12.

На овој дуел, Нико Коваќ за последен пат оваа сезона го предводеше Ајнтрахт, од следната ќе седне на клупата на ривалот Баерн Минхен.